Една партија преку порталите на СОРОС го извалка изборниот процес

 

Со наведување на смешни и неиздржани наводни нерегуларности, една  партија преку порталите финансирани од Фонацијата Сорос се обидува да го извалка изборниот процес, кој според сите надлежни институци се одвива во фер и демократска атмосфера. 

Портали финансирани со дел од парите на Фондацијата Сорос постојано објавуваат вести за наводни изборни нерегуларности, без аргументи и без потврдена релевантност, што укажува дека желбата да се оцрни изборниот процес е поголема од тоа да се запазат принципите на објективното новинарство.

На овј начин, порталите кои се блиски една партија, а финасирани од Сорос, практично и на дело ги оправдуваат парите кои ги добиваат од оваа организација со креирање на бесмислици и лаги.

Наместо да помогнат во изборниот процес и да влијаат во јакнењето на демократските капацитети, задача која барем формално и  засега само декларативно ја има во статусот на оваа фондација, овие портали се насочени како да се диквалификува изборниот процес, преку одредени непотврдени случки и измислени настани кои ги користат како наводни показатели за некакви нерегуларности. 

За многумина, ова е класично создавање на алиби и е израз на голема слабост, и немање на достоинство на раководството на опозицијата да истапи и да превземе одговорност. 

И Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи соопштија дека изборниот процес се одвива мирно, наспроти ваквите манипулативни пишувања на опозициските портали.

13.04.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега