Ѕирнете во кои општини најмногу се гласа
Коалицијата “Излези да гласаш“ која го следи изборниот процес со близу 5 000 акредитирани набљудувачи – волонтери, распоредени низ 69 општини низ земјата, ја информира јавноста дека се отворени сите гласачки места на кои Коалицијата “Излези да гласаш“ има распоредено свои набљудувачи.
Гласањето започна без проблеми, навремено во сите мониторирани избирачки места и истото се одвива регуларно без забележани нарушувања и воочени нерегуларности. До 14 часот гласањето на сите избирачки места се одвива во фер и демократска атмосфера.
Заклучно со 14 часот, извршена е обработка на податоците за текот на изборниот процес и излезност на гласање и констатирана е следната состојба:
ИЕ 4
ИЕ 6
-Активистите на Коалицијата “Излези да гласаш“ за време на изборниот процес се насочени кон: информирање и едукација на граѓаните за нивните законски права во текот на изборниот процес и правото на глас, како и набљудување на самиот изборен процес. Во текот на денов, граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, може да се обратат до волонтерите на Коалицијата “Излези да гласаш“. Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната izbirackispisok.gov.mk.. Апелираме до сите институции како и досега навремено да реагираат согласно своите надлежности да им се овозможи на достоинствен начин на граѓаните да си го искористат своето демократско право на глас, порачуваат од „Излези да гласаш“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа