Македонија избира претседател - ѕирнете колкава е излезеноста по општините
До 13:40 часот, 25,79 проценти од граѓаните излегле да гласаат за претседател на Република Македонија, односно, вкупно гласале 415.670 гласачи, информираат од Државната изборна комисија.
Податоците на ДИК за излезноста на гласачите се од 3.156 избирачки места, односно од 89,86 отсто од вкупно 3.480 избирачки места во државата.
Според процент на гласачи, на врвот е Новаци, каде до 13;40 глсале 50,03 проценти ( 1.520 граѓани ). Најмал процент на гласачи има во Липково (3,76 проценти или 877 граѓани).
Портпаролката на ДИК Билјана Јовановска, информирапе дека сеуште немаат податоци за Гостивар и дека ДИК ги очекува.
Излезноста по општини е следна: во Битола одѕивот е 35,01, односно на гласање излегле 28.557, Општина Аеродром 33,46 односно на гласање излегле 21.391, Општина Кисела Вода – 36,22, односно гласале 18.788, Струмица – 28,80 односно 13.884 гласачи, Ѓорче Петров – 31,71 отсто, односно 11.579 гласачи, Кавадарци 31,78, односно 10.042, Охрид – 31.081 односно 16.291, Велес 33,63, односно 15.656, Центар – 34, 98 односно 14.977, Гевгелија 36,87 отсто односно 7.178 граѓани гласале, Гази Баба 27,21 односно 16.651 гласач и Куманово 23,31 отсто, односно 20.998 гласачи.
Помала излезност на гласачите има во Тетово 11,61 проценти, односно на гласање излегле 9.255 граѓани, Струга – 11,02 проценти, односно 6.290, Центар Жупа 10,47 односно 635 гласачи, Теарце 9,95, односно 2.104 гласачи, Чаир 7,56 отсто односно 1.625, Дебар 7,04 отсто, односно 1.2016, Пласница 5,86 односно 279 гласачи, Врапчиште 5,74 односно 1.390, Сарај 4,95 односно 1.451, Желино 4,78 односно 1.037 гласачи, Боговиње 4,56 односно 1.180 и Арачиново 4,48 проценти, односно 391 гласач. е
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа