Деветмесечното бебе нема да одговара за обид за убиство

 

Судот во Пакистан ослободи едно деветмесечно бебе од обвинувањето за обид на убиство на полицаец во источниот град Лахор.

Адвокатите изјавија дека судијата ја донел оваа одлука откако полицијата го повлекла обвинувањето против бебето.

Деветмесечното бебе во петокот беше доведено во судот во врска со сударот на полицијата со соседите на бебето.

Полицијата ги обвини сите членови на семејството, вклучително и деветмесечното бебе, без претходна истрага, поради што судот побара дополнително објаснување.

Овој случај е пример за лошиот кривичен систем во државата, каде ниту децата не се заштитени од неадекватните правосудни одлуки, пишуваат пакистанските медиуми.

13.04.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега