До 13 часот гласале 37% од граѓаните на Дебрца

 

Мирна, фер и демократска атмосфера владее и во општина Дебрца, каде право на глас имаат 4.565 лица, кои своето право го остваруваат на 28 гласачки места.

Како што информира претседателот на ОИК Љубен Стојкоски, до 13 часот демократското право го искористиле вкупно 1.560 од гласачите или во проценти 37 отсто од вкупниот број.

Гласачите од селата Турие, Мраморец и Сливово од гласачките места 1328, 1339 и 1331, поради помал број од законски утврдениот, своето право на глас го остваруваат на гласачкото место 1329, во селото Арбиново. 

13.04.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега