До 13 часот гласале 31.81 отсто охриѓани
Во Општина Охрид до 13 часот гласале 31,81 отсто од гласачите или 16.291 граѓани, информира претседателот на Општинската изборна комисија Марика Костадиноска.
Според Костадиноска, гласањето се одвива непречено, во демократска атмосфера, без какви било неправилности.
Во општина Охрид право на глас имаат 51,157 гласачи од кои 45.066 запишани во единствениот, а 6.091 во посебниот избирачки список. Гласањето се спроведува на 88 избирачки места.
13.04.2014 - 14:21
Фото:
Фактор
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа