До 13 часот гласаа 34 % од полнолетните кочанчани

 

Во Кочанско од запишаните 32.697 избирачи, до 13 часот гласале 34 отсто, информираат од Општинската изборна комисија.

Во Зрновци до 13 часот гласале 29 проценти од запишаните 2.606 граѓани, во Чешиново Облешево 31 отсто од евидентираните 5.789, а во општина Пробиштип 36 проценти од регистрираните 13.082 лица.

Изборниот процес во Источна Македонија тече во фер и демократска атмосфера, без проблеми.

13.04.2014 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега