Трагедија: Ги оставиле близначињата кај бабата - ги пронашле мртви во соседниот двор

Минатата сабота родителите на двегодишните близначиња Џозелин и Шејлин Спурлок од Индијана ја прославувале венчавката на своите родители. За жал, само три дена подоцна кога сите мислеле дека почнува нова среќна етапа во нивниот живот, дечињата биле пронајдени мртви во дворот на соседите. 

Во вторникот навечер родителите испаничени во полиција го пријавиле исчезнувањето на дечињата. Мајката ги оставиле своите дечиња со бабата која заспала. Кога забележала дека ги нема, мајката се јавила во полиција која веднаш започнала потрага. 

Таткото на девојчињата низ солзи раскажува дека биле нераздвојни, дури и спиеле во исто креветче. За жал, дечињата биле пронајдени мртви, а многу од соседите донирале пари за нивниот погреб.

Инаку, родителите купиле куќа во Флорида со голем двор за децата безгрижно да играат но за жал таа желба не им се остварила.

13.04.2014 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега