Голема излезност во Струмица до 13 часот

 

19.077 гласачи застанле пред гласачката кутија до 13 часот во општина Струмица информира Општинската изборна комисија. Според податоците објавени од таму, излезноста во овој град до 13 часот е 39.6%.  Тоа значи дека излезноста е зголемена во однос на 2009 година кога во истиот период гласале 16.962 гласачи или 35.62%.
Помала излезност има во општините кои гравитираат околу Струмица. Во Босилово до 13 часот гласале 1651 гласач или 13.8%, во Ново Село своето право на глас до 13 часот го искористиле 21% од граѓаните запишани во Единствениот избирачки список, односно 2144 избирачи, а во Ново Село гласале 21,5% од граѓаните со право на глас, или 2.222 гласачи.

13.04.2014 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега