Пчелар го прекрил своето тело со 460.000 пчели
Кинески пчелар смислил уникатен начин за рекламирање на својот производ. Сакал помалку да вложи, а да заработи повеќе.
Кинескиот пчелар Ше Пинг го прекрил своето полуголо тело со повеќе од 460.000 пчели поради реклама, за да продаде што е можно повеќе мед.
Како што пренесува агенцијата „Асошиејтед Франс прес“, 34-годишниот пчелар од југозападниот град Чонгчинг, го прекрил телото со пчели чија тежина била околу 45 килограми.
- Да бидам искрен, бев многу нервозен. Тоа го направив за да го рекламирам својот мед. Се навикнав да работам со пчели. Почнав со тоа да се занимавам уште во 22 години – изјавил Ше наведувајќи дека за време на егзибицијата, која траела 14 минути, пчелите го уболе повеќе од 20 пати.
Гинисовиот рекорд засега го држи Индијанецот Випин Сет кој во 2009 година успеа на себе да навлече „капут“ од 613.000 пчели , тежок 61,4 килограми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа