Шокантно- Рибар пронашол вибратор во утробата на бакалар

64- годишениот рибар Бјорн Фрилунд од Норвешка се изненадил кога во утробата на риба бакалар пронашол вибратор од 15 сантиметри.

Можноста  оваа риба да ја проголта играчката за секс е голема колку што може метеорит да ви се забие во глава, изјавил рибарот кога во својата мрежа го пронашол портокаловиот гумен предмет од 15 сантиметри заглавен во утробата на рибата.

- Прво од рибата излегоа две харинги, а потоа го пронајдов овој гумен предмет. Знам дека бакаларот може се да голтне, но шансите да голтне вибратор се многу мали - објаснува  Фрилунд. 

Синот на рибарот го овековечил овој необичен лов, а таткото се обидел да направи реконструкција на овој несекојдневен случај.

Бакаларот тој вибратор без батерии веројатно го помешал со некоја лигња и го голтнал, смета Фрилунд кој има одговор на тоа како играчката за секс се нашла во морето.

- Можеби некоја фрустрирана дама ја фрлила играчката од туристичкиот брод „Експрес“ кој превезува туристи по норвешкиот брег - изјавил рибарот.

 

13.04.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега