Голем одѕив на гласачите во источна Македонија

 

Во 13-те општини во источна Македонија од општината Лозово до малешевско-пијанечкиот регион 373-те избирачки места се отворени навреме точно во 7 часот.

До 10 часот најголем одѕив имало во општина Свети Николе каде што од вкупниот број на гласачи излегле 16,6 проценти, а веднаш потоа е Штип со излезеност од 13,84 проценти.

На овие избори во Штип своето право на глас можат да го дадат 39.903 гласачи, а на списокот за иселеници кои можат да гласат денеска во избирачките места во општината имаат евидентирано 1796 лица.

Во источна Македонија во 13 општини со право на глас се 162.403 граѓани, а на списоците за иселениците се регистрирани 8.818 граѓани.

Гласањето се одвива без проблеми.

13.04.2014 - 12:15
Фото: 
портал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега