9,16% од граѓаните веќе излегле на гласање

Продолжува мирната и демократска атмосфера на петтите претседателски избори во Република Македонија. Дос 10:45 част гласале 9,16 % од граѓаните, или 139.846 граѓани. На првиот круг од претседателските избори во 2009 година, до 10:45 часот гласале 7,9 проценти од граѓани.

Излезноста е поголема во општините каде живее претежно македонско население. Во општините каде има најмногу албаснко население, излезноста е драстично намалена во однос на 2009-тата година.

Според податоците на ДРжавната изборната комисија, најголем одѕив на гласачи засега има во Прилеп и тоа 8.503 гласачи или 15,43 проценти. Исто така, голем одѕив има и во Битола каде до сега гласале 8,190 граѓани или 13 проценти од гласачите, Струмица каде гласале 5.212 граѓани или 10,81 процент, Штип со 5.811 гласачи или 13,94 проценти. Исто така, во Гази Баба има голем одѕив на гласачи. Тука правото на глас го искористиле 5635 гласачи или 9,21 отсто.

И во Велес гласале 6.793 лица или 14,59 отсто, а голем одѕив има и во Аеродром каде до 10 часот и 45 минути гласале 6.696 граѓани или 10,47 проценти.

Голема излезност е забележана во Центар каде гласале 10,8 проценти или 4315 гласачи, како и  Ѓорче Петров каде гласале 10,59 проценти или 3,866 гласачи. 

Според обработените податоци, ДИК информира дека до 10 часот и 45 минути најслаба излезност има во Арачиново каде гласале 80 гласачи, Врапчиште каде гласале 1,11 проценти, Демир капија каде гласале 17,8 проценти или 586 граѓани, Дебар каде на гласање излегле 2,14 проценти или 370 гласачи.

И во Старо Негоричане гласале 232 граѓани или 6,44 проценти, а во Центар Жупа 136 граѓани или 2,24 проценти.

Ова се податоци за излезноста на гласачите заклучно со 10 часот и 45 минути.

13.04.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега