Хелсиншкиот комитет ви стои на располагање - пријавете повреда на избирачкото право

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги известува граѓаните дека денеска канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право на првиот круг од претседателските избори.

 

 

-Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на нова локација односно на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр. 83. Доколку ви е потребна мапа за новата локација на Комитетот можете да ја најдете на официјалната веб-страница www.mhc.org.mk. или на следниот линк: http://mhc.org.mk/pages/contact, велат од Хелсиншкиот комитет.

Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до просториите на Комитетоот, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку отворената фиксна и мобилна телефонска линија: +389 (0)2 3119 073  и +389 (0)78 252 812.

Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е- пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право. Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност.

Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Комитетот. Податоците нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните кои ја пријавиле повредата.

 

 

13.04.2014 - 11:49
Фото: 
Фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега