Одѕивот на гласачите до 10 часот 8,8 проценти

 

 

МОСТ информира дека според податоците добиени од ПВТ програмата одѕивот на гласачите за  денешните претседателски избори до 10 часот е 8,88 проценти.  До 9 часот одѕивот е 4,92 проценти.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов на прес-конференција соопшти дека набљудувачите и регионалните канцеларии на  МОСТ информирале за  случаи со бришење  мастило на палецот, демолиран изборен штаб, незапишани избирачи, несоодветно поставени гласачки паравани, читање на глас на избирачи...

МОСТ денешното гласање го следи со 580 набљудувачи кои покриваат повеќе од 15 проценти од избирачките места на територијата на државата. Набљудувачите на МОСТ се статични и ќе го следат гласањето во текот на целиот ден. МОСТ има и мобилни тимови од по двајца набљудувачи, како логистичка поддршка на статичните набљудувачи, кои ќе ги набљудуваат повремено местата каде МОСТ нема статични набљудувачи. За граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080.

 

13.04.2014 - 11:40
Фото: 
Академик.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа