Пелагониски регион - Новаци со најголема излезеност на гласачи

Демократски, мирно и непречено се одвива избирачкиот процес во Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила.
 
До 10 часот во Битола гласале 13,61 отсто од избирачкото тело, во Могила гласале 5,96 отсто од граѓаните со право на глас, а најголем одѕив има во општина Новаци, каде досега гласале околу 23 отсто од лицата запишани на Единствениот избирачки список.
 
Во општина Демир Хисар се гласа на 41 избирачко место, а право на глас имаат 7.395 граѓани. - До 10 часот на гласачките места гласаа 11,86 отсто од граѓаните, истакна  претседател на ОИК Демир Хисар, Васко Бојаџиев.

13.04.2014 - 11:39
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега