Клои Кардашијан "улови" познат рапер

Сестрата на познатата старлета Ким, Клои Кардашијан е се поблиска со раперот Френч Монтан, а минатиот викенд парот е виден во повеќе дискотеки во Холивуд.

Се чини дека риалити ѕвездата реши да го заврши својот брак со Ламар Одом, иако сеуште ги нема потпишано документите за развод кои Клои му ги достави уште во Декември минатата година.

Во почетокот на оваа година беше објавено дека Ламар Одом уште не е спремен конечно да се раздели од Клои.

‘’Ја сакам својата жена. Таа секогаш ќе биде дел од мојот живот, без разлика на се’’,изјави тогаш Ламар.

Меѓутоа овој викенд Клои е видена со Френч Монтан на прославата на 16 роденден на синот на Пи Диди. Клои носеше тесен црвен фустан  и кондури во истата нијанса.

Гласините дека тие се заедно прв пат се појавија минатата недела, кога магазинот Star објави дека парот е нераздвоен иако штотуку почнаа да се забавуваат.

13.04.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега