Анџелина Џоли "распали" по Ким Кардашијан - еве што кажа

Познатата холивудската актерка според пишувањето на странските медиуми, е огорчена на Ким бидејќи поради своето ерменско потекло пробува да го заштити својот народ во Сирија.

Наводно Ким на својот профил на Твитер ги повикала сите луѓе со добра волја да го зачуваат древното ерменско христијанско село кое се наоѓа во Сирија. Меѓутоа, напорите на Ким Кардашијан не се исплатиле, а Анџелина била зачудена како може да се меша во такви деликантни политички прашања. Анџелина смета дека Твитер профилот на оваа ријалити ѕвезда е опасна работа во такви ситуации.

“Што оваа празноглава жена со низок морал си замислува дека е? Нека си се држи до нејзините ријалити емисии!” – изјавила Анџелина, амбасадорка на добра волја на Обединетите Нации.

13.04.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега