Мирно и во Пијанечко-малешевскиот регион

 

Гласањето тече мирно и во четирите општини на Пијанечко-малешевскиот регион -Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево. Сите гласачки места се отворени во 7 часот. 

Од Општинската изборна комисија во Делчево информираат дека 15.004 гласачи своето демократко право можат да го остварат на 36 гласачки места. Во текот на вчерашниот ден гласале 166 болни и изнемоштени лица.

Изборниот процес во овој дел на државата го следат повеќе набљудувачи од Граѓанската асоцијација „Мост“. 

13.04.2014 - 10:57
Фото: 
Лидер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа