Се разведе легендариниот Бора Чорба

Фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, се разведе од 28 години помладата сопруга Александра.

Нивниот брак  траеше нешто повеќе од четири години, но официјално заврши во вторникот. Бора и Александра се разделиле пред неколку месеци, но пејачот не зборуваше за тоа.

Сакал да ја поштеди поранешната сопруга од вести по медиумите, но сега кога се е готово, решил да проговори.

- Се разведов пред неколку дена и сега тоа можам и јавно да го кажам, рекол Бора, но тогаш сите ги изненадил со изјавата дека сепак не е сам.

Познатиот рокер откри дека има нова девојка која живее во Словенија.

- Навистина никогаш порано не сум се чувствувал подобро, нон-стоп сум на релација Србија-Словенија, постои жена во Словенија која ми го украде срцето! Кога не сме заедно не се симнувам од телефон. Вљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет, искрено рече Бора.

13.04.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега