Чарли Шин во ТВ шоу ќе дели љубовни совети

Познатиот актер Чарли Шин, кој зад себе има три брака и четири деца од две различни жени, станува љубовен експерт.

Чарли ќе влезе во улогата на консултант на вљубени двојки во сопствено телевизиско шоу. Задачата ќе биде да открива колку се познаваат партнерите.

Според блогерот кој пишува под псевдонимот Парис Хилтон, проблематичниот актер ќе го води шоуто на телевизијата WE. Изборот на Шин за водител никако не ги одминал продуцентите, кои едногласно се согласиле да го поканат “чичко Чарли”. Со оглед на неговиот углед нема сомневање дека производството ќе биде едно од најгледаните забавни емисии во етерот.

13.04.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега