Отворени сите гласачки места во Охрид - гласањето се одвива без проблеми

Сите гласачки места во Охрид се отворени навреме и процесот на гласање на претседателските избори 2014 се одвива непречено.

Инаку, право на глас на територијата на општина Охрид имаат 51,157 гласачи, од кои 45.066 запишани во единствениот избирачки список, кои гласањето ќе го спроведуваат на 88 избирачки места, откако поради помал број гласачи од потребниот минимум (10) гласачкото место во Скребатно нема да биде отворено, а граѓаните од тоа населено место своето право ќе може да го остварат во селото Лескоец. Останатите 6091 се запишани во посебниот избирачки список, односно станува збор за лица со привремен престој во странство, пренесе МИА.

Инаку, гласачкото место 1253 се дели во ново гласачко место – 1253/1 и ќе се гласа во ОУ „Григор Прличев“. Гласачкото место 1264 се дели со ново гласачко место – 1264/1 и ќе се гласа во просториите на ЈП „Комуналец“ во Градскиот пазар. Гласачкото место 1268 се дели со ново гласачко место – 1268/1 и ќе се гласа во мотел „Ловец“  и гласачкото место 1309 се дели со ново гласачко место 1309/1 и ќе се гласа во ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца. 

13.04.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега