Почна гласањето и во Гостиварско

 

Според информациите од трите општински комисии во гостиварскиот регион - Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше, без никакви проблеми започнало гласањето за претседател.

Утрово во 7 часот биле отворени сите 119 избирачки места во Општина Гостивар. Правото на глас имаат 76.883 граѓани.

Во општина Врапчиште на 39 избирачки места гласаат 24.289 граѓани, а во Маврово-Ростуше 9.445 граѓани својот глас можат да го дадат на 39 избирачки места.

Од општинските изборни комисии потврдија дека изборниот материјал е навреме доставен и дека гласањето до сега се одвива без забелешки. 

13.04.2014 - 09:14
Фото: 
newtime

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа