Мистеријата откриена- еве зошто мажите сакаат постари жени

Помладите мажи и постарите жени секогаш предизвикуваат повеќе контроверзии отколку кога состојбата е токму обратната.

Многумина се запрашуваат зошто токму некој млад маж би сакал жена која е релативно повозрасна од него. Но причини има, и тоа повеќе отколку што сте мислеле.

Како за почеток, постарите жени немаат изненадни емотивни испади како помладите жени, барем така тврдат мажите, што за мажите претставува многу помал притисок во врската. 

Заедно со тоа оди и сексот кој мажите велат дека е извонреден затоа што постарите жени се поискусни и секогаш имаат неколку трикови за кои помладите девојки сè уште не ни слушнале, а камо ли да ги доживеале. Постарите жени знаат точно што прават и го знаат точниот начин како да го доведат мажот до лудило без да мора дополнително било што да објаснат.

Постарите жени се сосема задоволни од своето тело и воопшто не се опседнати со својот физички изглед, па така, секое играње под прекривката е потполно опуштено и без било каков притисок и проблеми.

Постарите жени за разлика од помладите се независни, посвесни, најчесто имаат уреден живот, своја плата и не бараат партнер по секоја цена, туку целата врска се доживува мирно и опуштено.

За крај, она што кај младите мажи е и најважно – постарите жени знаат да ги ценат мажите и не се однесуваат кон нив како кон дете, што е можеби и најдобра причина за да се оформуваат вакви врски.

Извор: Кармин

13.04.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега