Мирно и во Прилеп и Штип - отворени сите избирачки места

 

Без никакви проблеми започна изборниот процес во Прилеп и Штип. 

Според информациите од ОИК-Прилеп, сите 142 избирачки места се отворени во 7 часот. Право на глас имаат вкупно 64.567 граѓани.

И во општините Кривогаштани и Долнени гласањето во првиот круг од претседателските избори почна навреме и се одвива непречено. Како што информираат од општинските изборни комисии, во Кривогаштани на 13 избирачки места за гласање се евидентирани 4.743 граѓани, а во општина Долнени на 40 избирачки места 11.037 избирачи. 

Точно во 7 часот беа отворени сите 80 избирачки места во Штип. Граѓаните очекуваат фер и демократски избори.

Првиот час од денешните преседателски избори поминал во фер и демократска атмосфера.
 
Во источниот дел од Македонија во 373 избирачки места на гласање треба да излезат 162.403 гласачи.

 

13.04.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега