Кој го измислил познатиот симбол за „ништо“

Можеби ќе се изненадите, но нулата е понов изум во човековата историја. Всушност, познатиот симбол за „ништо“ не дошол во Европа се до крајот на 12-от век.

Потеклото на нулата датира од „плодната полумесечина“ на стара Месопотамија. Симеријците оставале простор за да наведа отсуство на ред на броеви дури пред 4.000 години, но првото забележано користење на симбол сличен на нулата датира некаде околу третиот век пр.н.е., во стариот Вавилон.

Вавилонците развиле систем на броеви на основа на вредноста на 60, и создале посебен знак - две мали клинчиња - за да разликуваат помеѓу магнитудите, исто како модерниот децимален систем кој ја користи нулата за да се прави разлика помеѓу десетките, стотките и илјадинките. Сличен вид на симбол бил користен во Јужна Америка некаде помеѓу 350 г.н.е., кога Маите почнале да го користат маркерот нула во нивните календари.

Нулата се сметала само како поврзувач - а не како бројка со свои уникатни својства. Се до седмиот век од н.е. нулата не се појавила со друго својство. Во Индија математичарот Брамагупта и други, користеле мали точки под бројките за да прикажат нула поврзувач, но исто така ја сметале нулата и како мала нултна вредност, наречен „сунња“. Исто така Брамагупта бил првиот кој укажал дека број поделен сам со себе е еднаков на нула.

Во Индија, нулата стигнала во Кина и назад на Блискиот исток, каде ја презел математичарот Мухамед Ибн Муса ал Коваризми, околу 773 година. Токму ал Коваризми бил прв кој ја синтетизрал индиската аритметика и покажал како нулата може да функционира во алгебарските равенки, и така до деветиот век нулата влегла во арапскиот нумерички систем со својот овален облик кој и денес го користиме.

Пред конечно да стигне во Европа околу 12-от век, нулата продолжила да мигрира уште неколку века. Мислителите, како што бил италијанскиот математичар Фибоначи, помогнале да се воведе нулата во мејнстримот, и подцна таа воглавно играла значајна улога во делата на Рене Декарт заедно покрај Сер Исак Њутн и пронаоѓањето на калкулусот на Готфрид Лајбниц. Оттогаш, концептот на „ништо“ продолжил да игра улога во развојот на се, од физиката и економијата до инженерството и дигиталните комјутери. 

13.04.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега