Даниел Кајмакоски призна: Не сакам силикони ама би се оженил со Цеца!

Македонската гордост, Даниел Кајмакоски, си ја отвори душата и иако многу пати кажа дека голема желба му е да се ожени и да биде млад татко, сега призна и со кого биго направил сето тоа.

Додека Кајмакоски се забавувал на роденденот на српскиот Пулс, признал дека во неговиот живот по Икс-Фактор се промениле многу нешта.

- Победата беше само шлаг на тортата. Потоа се затворив дома три-четири дена, а потоа давал иннтервјуа. Во Македонија имав неверојатен пречен на Аеродром. Многу сум среќен.

На прашањето со кого би се оженил ако има шанса, тој одговара дека тоа би била Цеца. 

- Иако не сакам пластични девојки и силикони, би се оженил со Цеца која е една од најубавите пејачки на Балканот. И го обожувам моќниот глас и хитовите. Прекрасна е во секој поглед, вели тој.

Даниел исто така открива и дека желба му е да сними дует со Ријана или Шакира, а од балканската естрада со Марија Шерифовиќ и Цеца.

13.04.2014 - 08:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега