Денеска ќе имаме сини палци

Граѓаните кои денеска ќе излезат да гласаат за нов претседател на Република Македонија, наместо како досега со невидлив спреј, ќе бидат обележани со видливо мастило во вид на маркер на десниот палец.

Државната изборна комисија (ДИК), одлучи обележувањето да се прави во делот од среднината на палецот, по ивицата на подноктицата и ноктот од палецот.

Отпечатокот ќе биде видлив најмалку 24 часа по нанесувањето и нема да може да се избрише со ацетон, алкохол, хидроген или други средства. 

Избирачите кои нема да дозволат да бидат обележани, нема да гласаат. 

13.04.2014 - 08:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега