Стапи на сила новиот Устав на Крим
Врховниот совет на Крим го одобри нацрт Уставот со кој што се прогласува еднострана независност од Украина и дел од Русија.
Уставот беше усвоен едногласно едногласно во петокот, а во него се наоѓаат и одредени измени кои дозволуваат координација меѓу регионалните и федералните власти.
Новото име на Крим според новиот Устав усвоено е како Република Крим, а граѓаните на Крим се дефинирани како дел од мултинационалната Руска Федерација.
Секој нелегален обид да се дојде до власт ќе се смета за злосторство, а извршителите ќе бидат казнети во согласност од руските закони.
13.04.2014 - 08:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа