Конечно пронајдена црната кутија од изчезнатиот авион?

 

Црната кутија од исчезнатиот малезиски боинг 777 конечно е најдена објави денеска една радиостаница во австралискиот град Перт.

На својот Твитер профил новинарот Џефри Томас наводно ја напишал веста за пронаоѓањето на црната кутија по што социјалната мрежа „експлодирала“ од посети и коментари. Новинарот напишал и дека два брода од потрагата денеска со полна брзина тргнале кон брегот, како знак дека е најдено нешто, и дека австралискиот премиер Тони Абот ќе ја потврди веста на прес-конференција.

Сепак, Абот на пресот рекол дека австралиските власти се цврсто уверени дека сигналот што го „уловиле“ доаѓа од црните кутии, но дека потрагата по авионот може да трае уште долго време.

Според последните податоци батеријата на црната кутија веќе е речиси празна и повеќе не емитува сигнали. 

13.04.2014 - 08:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега