Отворени сите гласачки места во Битола

 

Отворени сите 170 изборни места во Битола. Како што информираат од Општинската изборна комисија, во 7 часот утринава, биле отворени сите изборни места и без проблеми се спроведува процесот на гласање од првиот круг на изборите за Претседател на Република Македонија.

Од ОИК-Битола велат дека гласањето почна и се одвива согласно законот и препораките на Државната изборна комисија.

- Во единствениот избирачки список запишани се 82.588 гласачи и тие може да го остварат своето демократско право на глас и избор на 170 избирачки места. Во текот на вчерашниот ден во терминот од 7 до 19 часот право на избор имаа 48 затвореници кои се на издржување на казна затвор или притвор во битолскиот затвор, како и 164 лица кои беа регистрирани како болни и на кои им овозможивме да гласаат во домашни услови, велат од ОИК-Битола.

За непречено одвивање на гласањето на сите избирачки места за сите членови на избирачките одбори беа извршени посебни обуки и едукација, информираат од Општинската изборна комисија.

13.04.2014 - 08:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега