Нова шема: Кафуле наплаќа по 30 денари за “не сакам ништо“

Кафуле во Подгорица, Црна Гора во своето мени додаде „не сакам ништо“. За оваа „понуда“ кафулето наплатува половина евро или 30 денари.

Бидејќи кафулео се наоѓа во близина на училиште, често им се полнисо ученици кои не нарачуваат ништо а ги држат зафатени масите.  Баш затоа, решиле да наплатуваат за „не сакам ништо“

Персоналот на кфулето вели дека учениците се одомаќиниле. Често си носеле храна и пијалоци од навор а не ретко тука и преспивале. Често се случувало да дојдат десетмина, а само тројца да нарачаат кафе, додека останатите „не сакале ништо“

12.04.2014 - 21:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега