„Русија ја нападна Украина“
Судири започнаа во неколку градови во источниот дел на Украина, а претседателот Олександер Турчинов свика вонредна седница на Советот за национална безбедност и одбрана, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
На својот профил на Фејсбук, Аваков напиша дека станува збор за „агресија на Руската федерација“.
Седницата е закажана за 21 часот по локално време.
Во меѓувреме, непознати мажи со автоматски пушки и знамиња на проруските сепаратисти се распоредени на контролните пунктови низ улиците на Славјанск, во Доњецката област.
Тие се облечени во комбинација од цивилна облека и воени униформи и им вршат контрола на превозните средства пред да им дозволат минување преку пунктовите, кои всушност се брикади од автомобилски гуми, дрвени штици и вреќи со песок.
Претходно денеска проруски активисти презедоа повеќе административни згради во Славјанск и уште три градови во Доњецката област, меѓу кои и на полициски служби
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа