Во Дебар гласаа 31 болни и немоќни лица
31 болни и немоќни дебарчани денеска го искористија своето право на глас.
- Гласањето на полнолетните граѓани кои се во категоријата болни и изнемоштени се реализра без никаков проблем, велат од Oпштинската изборна комисија за МИА.
Според информациите од Општинската комисија, во единствениот избирачки список за општина Дебар запишани се 17.272 лица со право на глас. На утрешните петти по ред претседателски избори ќе се гласа на 27 избирачки места што е за три избирачки места повеќе.
Сите потребни активности се навремено и успешно реализирани.
12.04.2014 - 15:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа