Владимир Четкар ќе настапи на Блу Ноут Џез Фестивал во Њујорк

 
Владимир Четкар, на 20. јуни ќе настапи на престижниот Блу Ноут Џез Фестивал во Њујорк.
 
На овогодинешното издание на фестивалот кој ќе се одржува на повеќе локации низ Менхетен ќе настапат музички легенди како Арета Френклин, 
Мајкл Болтон, Боби МекФерин, Реџи Вотс, Маркус Милер, Ди Ди Бриџвотер, Данило Перез, Џон Патитучи и многу други.
 
Четкар на Блу Ноут Џез Фестивалот ќе се претсатави како лидер на бенд, вокалист и гитарист со комплетна авторска музичка програма.
12.04.2014 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега