Украина ја прекинува исплатата на рускиот гас
Украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“ нема да го исплаќа рускиот гас, додека не завршат преговорите меѓу двете страни за цената на ова гориво, информираше генералниот директор на компанијата, Андриј Коболев.
Рускиот гигант „Гаспром“ месецов двојно ја зголеми цената на гасот за украинските потрошувачи од 268 на 485 долари за 1.000 метра кубни, истакнувајќи дека Киев не може повеќе да има корист од претходните повластици.
- Не гледаме причина за промена на цената. Сметаме дека цена од околу 500 долари е непазарна, неправедна и неприфатлива. Поради тоа ја прекинуваме исплатата во периодот на преговори, вели Коболев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа