Денеска гласаат 117 болни и немоќни гостиварчани
117 граѓани од гостиварскиот регион денеска можат да гласаат за претседател на Република Македонија, информираат од општинските комисии од трите општини во регионот.
Можност да го дадат својот глас на подрачјето општина Гостивар добија 44 болни лица. Во соседната општина Врапчиште, четворица гласачи поради здравствени проблеми и болест побарале да гласаат денеска.
Во најмалата по бројност, општина Маврово-Ростуше, денеска правото на глас ќе го остварат 67 болни лица и двајца затвореници.
12.04.2014 - 13:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа