Во Струга денеска гласаат 78 болни и немоќни лица - во Куманово 215

 

78 полнолетни граѓани од Општина Струга, кои спаѓаат во категоријата болни и немоќни лица денеска, ќе го дадат својот глас за еден од четворицата кандидати за претседател на Република Македонија.

Денеска ќе гласаат и затвореници, чиј број, според претседателот на Општинската изборна комисија, ќе се знае откако ќе го остварат нивното избирачко право. 

На територијата на Општина Струга право да гласаат на утрешните петти по ред избори за претседател на Република Македонија, имаат 57.983 граѓани.

На овие избори  ќе бидат отворени и 23 избирачки места повеќе, така што наместо во досегашните 78, ќе  има вкупно 101 гласачко место.

Во Куманово, пак, денеска гласаат 215 болни и изнемоштени лица кои приложиле медицинска документација. Гласањето на осудените лица во затворот К’шање се одвива непречено, гласачкото место отворено е навреме, велат од општинската изборна комисија за МИА.

На утрешните претседателски избори, во Куманово право на глас имаат 85.203 гласачи кои ќе гласаат на 167 места од кои 39 се нови гласачки места.

Во општина Липково право на глас имаат 20.742 лица кои ќе гласаат на 36 гласачки места од кои десет избирачки места се нови. Во Старо Нагоричане ќе се гласа на 38 избирачки места, а право на глас имаат 3.442 лица.

12.04.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега