Дарко нема веќе да дила дрога, Златко нема да краде - скопската полиција ги улови лошите момци

Скопската полиција за само два дена лишеше од слобода четворица скопјани кои се барале за издржување на затворска казна.

СВР Скопје вчера го лишеше од слобода 46 годишниот Селатин С. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од пет години, за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице” Скопјанецот бил спроведен во Полициска станица „Ѓорче Петров” за понатамошна постапка.

Полицијата во четвртокот го лишеше од слобода Златко К.(48), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба”. Тој спроведен во Полициска станица „Чаир” за понатамошна постапка.

Во четвртокот бил уапсен и Дарко М.(29), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. Тој бил спроведен во Полициска станица „Драчево” за понатамошна постапка.

Скопската полиција го уловила и Асан Џ. (29), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од педесет дена, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот”. Истиот е спроведен во Полициска станица „Чаир” за понатамошна постапка. 

12.04.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега