Инцидент во собата на Михаил Шумахер

 

Обезбедувањето од болницата во која Михаил Шумахер се лекува фатиле двајца непознати мажи кои се обиделе да влезат во собата на Герамнецот , го сликале со цел да сги продадат фотографиите на оние кои ќе понудат најмногу.

Инцидентот се случил пред две недели, но дури денеска оваа информација протече во јавност.

Како што пренесуваат германските медиуми, ова не е прв пат некој да дојде и да го фотографира поранешниот германски возач на Формула 1 Михаил Шумахер кој на 29. декември преживеа страшна несреќа на француските Алпи и оттогаш е на лекување.

Само два дена по несреќата, човек облечен како свештеник се обидел да влезе во собата на Михаил Шумахер, но и тој бил спречен од обезбедувањето.

До сега, за овие три месеци додека Шумахер лежи во болница ниедна фотографија не е објавена во јавноста. Се проценува сопственикот на такви фотографии би добил големи пари, цифра која се мери со стотина илјади евра.

О ддруга страна, семејството на седумкратниот шамнпион во Формула 1 е згрозено од ваквите обиди.

- Ваков инцидент е за осуда, изјавила менаџерката на поранешниот возач.

12.04.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега