ВИДЕО: „Ги гледав моите другари додека гореа живи“
Трагичната сообраќајна несреќа која се случи во близина на Сакраменто, ја потресе Америка. Во сударот меѓу камион на Fedex и училишен автобус, загинаа 10 лица, а најмалку 36 заработија повреди.
17 годишниот Џонатан Гутјерез, кој ја преживеа несреќата само со модринки по нозете и исеченици на лицето, го раскажува ужасот низ кој поминал за време на несреќата.
-Спиев во автобусот кога ме разбудија сцени од пеколот од кои веднаш се обидов да побегнам, изјави Гутјерез. Момчето пред себе гледало како неговите пријатели горат живи во пламените јазици.
Во страотната сообраќајка загинаа возачите на возилата, тројца возрасни и пет млади луѓе кои тргнале кон кампусот кој се наоѓа во близина на местоот на несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа