ФОТО: Петмина загинати во хоророт кај Лепосавиќ

Страотна сообраќајна несреќа се случи вчера на патниот правез Косовска Митровица-Лепосавиќ, кога автомобил излетал од патот и завршил во реката Ибар. Во несреќата загинаа пет лица, меѓу кои две лица. 

Во сообраќајката животот го загубиле Гојко Вучиниќ (46), кој управувал со возилото, неговата сопруга Драгица (40), нивната ќерка Марија (13) и синот Андрија (6), како и нивната роднина Снежана Вучиниќ (46).

- Смртта настапила со давање во реката Ибар по излетувањето на возилото од патот, изјавил директорот на болницата во Косовска Митровица, Милан Ивановиќ.

Според полицијата, автомобилот „фолксваген поло“ ја загубил контролата, минал низ оштетените заштитни браници, се превтел и паднал во водите на реката.

Изразувајќи длабоко сочувство до семејствата на настраданите, градоначалникот на Лепосавиќ Драган Јаблановиќ изјавил дека ваква трагедија не се памети во поширокиот регион. Денот на погребот општината го прогласи за ден на жалост.

Од семејството на Гојко и Драгица Вучиниќ жив е само нивниот син Марко, ученик во петто одделение во основното училиште во Сочаница, кој вчера бил на училиште па не заминал заедно со семејството во Косовска Митровица, каде според српските медиумите, оделе на лекар.

12.04.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега