ФОТО: Оваа прекрасна девојка го освои нашиот Даниел Кајмакоски

Победникот на регионалниот Х-Фактор, Даниел Кајмакоски, долго време се жалеше дека не успева да ја најде вистинската девојка, но, на забавата на српски „Пулс“, тој и “фрли око“ на водителката Ена Попов.

Ена поминала покрај Даниел, за време на интервју. Тој се завртел по неа и се насмеал од уво до уво. Новинарите го забележале ова и го прашале со што го маѓепсала Ена. Тој одговорил дека таа има прекрасно лице.

-Ја видовте ли каква е, какво убаво лице има. Прекрасна е, рекол Даниел.

Сепак, Даниел, кој во моментов е еден од најпосакуваните млади пејачи на Балканот, рекол дека секојдневно го моли Бога да не се заљуби, бидејќи во моментов нема слободно време за ништо.

-Секојдневно имам многу обврски. Кога сакам некоја личност, сакам целосно да и се посветам. Ако се заљубам сега, ќе ја изгубам главата, изјавил тој.

Ена, пак, изјавила дека е поласкана од коментарот на Даниел.

12.04.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа