8.651 набљудувачи ќе ги следат утрешните избори

 

За следење на претстојните, петти претседателски избори во Република Македонија, се акредитирани 8.325 домашни и 326 странски набљудувачи, како и 222 преведувачи.

Според информациите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), невладината организација МОСТ акредитирала 1.790 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 4.970, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 1.500, ЦИВИЛ-Центар за слобода 50 набљудувачи, Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите - Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 41 набљудувач, ОБСЕ 91 набљудувач, Парламентарното собрание на Советот на Европа 21, ЕУ - 27 набљудувачи, амбасадите на САД - 27 набљудувачи, на Шведска 13, на Италија 12, на Турција - 11, на Франција осум, на Бугарија и Холандија  по шест, на Косово - пет, на Словенија - четворица, на Полска, на Грција, на Австрија и на Шпанија по тројца, на Хрватска, на Кина и на Словачка по двајца набљудувачи, на Германија, Катар, Црна Гора и Србија по еден набљудувач и на Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ - 31 набљудувач. 

Акредитации за следење на утрешните избори, заработиле триесетина странски новинари од пет медиуми. 

12.04.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега