Тодоров: Во 2003 се затвораа фабрики, денес се отвораат нови работни места- тоа ја прави разликата

 

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Изборна единица 3 Никола Тодоров на вечерашниот митинг во Штип направи споредба помеѓу 2003-та година и денес. Истакна дека тогаш во Штип имало 10.617 невработени, а денес 5.200 од кои 2.497 се активни баратели.

-Има разлика во сите сфери. Во 2003 се затвораа фабрики и се отпуштаа работници, а денес се отвораат нови фабрики и нови работни места. Затворање наспроти отворање, тоа ја прави разликата, истакна Тодоров.

Тодоров им порача на штипјани да не веруваат во инстант политичари и да бараат гаранција.

-ВМРО-ДПМНЕ нуди гаранција, нуди програма со многу проекти. Тоа е цврста гаранција.

Потсети дека ќе биде изграден новиот автопат Скопје-Штип и додаде дека оваа година ќе започне да се гради и новата Клиничка болница во Штип.

Тодоров изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмалку 14 пратеника од ИЕ 3 и вкупно 63 пратеника во Собранието.

-Верувам дека граѓаните на изборите наместо зборови ќе изберат дела, наместо арогантна насмевка ќе изберат човечност, бидејќи има разлика, додаде Тодоров.

11.04.2014 - 19:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега