И Качински се уплаши од Путин - побара американски воени бази во Полска
Лидерот на полската конзервативна партија Право и правда Јарослав Качински повика за распоредување на американски воени бази во Полска, за да парираат на „експанзионистичките“ амбиции на рускиот претседател Владимир Путин.
- Нападот врз американските сили би била ненадминлива бариера дури и за Путин, кој е исполнет со експанзионистички амбици, изјави лидерот на главната опозициска полска партија.
- Време е да ставиме крај на ограничувањата за присуство на силите на НАТО во Полска, рече Качински.
Според него, САД и Полска исто така треба да формираат заеднички воени единици, кои ќе бидат распоредени во заеднички бази во Полска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа