Германската канцеларка Меркел во посета на Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна во официјална посета на Грција, во знак на поддршка на економската обнова на земјата.

Предвидено е Меркел да се сретна со премиерот Андонис Самарас и ќе учествува на форумот за плади претприемачи.

Анкетите покажуваат дека Меркел, која инсистира на реформи и економски мерки, е виновна за падот на економијата во Грција, каде невработеноста од 28проценти е на рекордно ниво.

За време на последната посета на Меркел на Атина во 2012 година околу 60.000 луѓе протсетираа. 

11.04.2014 - 17:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега