Ванковска до Шкариќ: Отвореното писмо е памфлет на суетен професор

 

По повод отвореното писмо на Шкариќ адресирано до претседателот Иванов се огласи професорката Билјана Ванковска, која смета дека  Шкариќ сака да му наштети на Иванов, пишува Денешен.

-Отвореното писмо на проф. Шкариќ до Иванов не е ништо повеќе од израз на обичен гнев на еден суетен професор и политички памфлет на два дена пред изборите, кој ги грее само опонентите, напиша Ванковска.

Таа додава дека е Шкариќ не е искрен и е разочарана од него.

-Тoo late, too insufficient! Некој кој имал цели ПЕТ години да каже каде, како и кога претседателот го пректршил Уставот, тоа го прави во многу критичен момент – ама за изборите, а не за демократијата! Освен тоа, сосема ја извртува својата улога во времето кога се боревме за автономијата на универзитетот, додека тој на трибина го бранеше законот. Јас нема да му напишам Отворено писмо, ама ќе му напишам што мислам за ова во лична порака. Јас сум разочарана од мојот стар професор!, истакна Ванковска.

Инаку и  Бранко Героски и Ацо Кабранов, чии сајтови бомбастично го пренесуваат писмото на Шкариќ беа истите кои постојано го критикуваа Шкариќ во моментите кога тој ја даде својата подршка за Иванов. Од друга страна, коментарите на социјалните мрежи се дека мотивот за ваквата реакција е личен, односно дека тој лежи во желбата на Шкариќ да биде единствен автор на трудот пред објавување. Тоа фрла сосема поинаква димензија и говори за лукративноста на намерите на Шкариќ.

Истовремено за мотивите кои стојат зад ова писмо говори што во последниот период  може да се забележи блискост на Шкариќ  до СДСМ. Тој беше опцијата на СДСМ за раководење на анкетната комисија за расвтлување на настаните на 24 декември, пишува Денешен.

 

11.04.2014 - 17:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега