Алармантно: Водата за пиење загадена со бензин

 

Во двомилионскиот северозападен град Ланџу кинеските власти мораа да го прекинат водоснабдувањето на населението поради високото ниво на токсични хемикалии во водата за пиење.

Испитувањето на водата во главниот град на провинцијата Гансу, Ланџу покажаа дека во водата за пиење имало 200 микрограмови бензен на еден литар, што е 20 пати повеќе од дозволеното.

Покраната е истрага која треба да утврди што предизвикало загадување на водата за пиење во Ланџу. 

11.04.2014 - 17:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега