Регистрирани помалку од 10 гласачи во 57 избирачки места

 

Во 57 избирачки места на подрачјето на 22 општински комсии од вкупно 3.480 избирачки места во Македонија, според податоците од Избирачкиот список за претседателските избори на 13 април, се евидентирани помалку од десет гласачи. Според упатството на ДИК согласно член 165 став 3 од Изборниот законик овие граѓани своето право на глас ќе го остварат во најблиското избирачко место со над 10 избирачи.

ДИК побара од Општинските изборни комисии навремено да ги известат гласачите за местото каде можат да гласаат.

Според податоците на ДИК објавени на нивната веб страна само по еден гласач има во избирачките места 2200 во Велес, 1615 Конче и  766 во Кичево. По двајца во избирачките места 269 во Македонски Брод, 2418 Сопиште, 2233 Чашка и 1614 во Конче.

Избирачки места со помалку од десет гласачи има во Македонски Брод (3), Сопиште (1), Старо Нагоричане (1), Штип (1), Чашка (3), Кратово (3), Петровец (1), Пробиштип (4), Велес (1), Зелениково (1), Конче (3), Неготино (1), Прилеп (11), Радовиш (1), Дебарца (3), Демир Хисар (6), Кичево (4), Крушево (1), Охрид (1), Гостивар (2) и Маврово и Ростуша (4).

11.04.2014 - 17:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега